Хан: Важно е изборите да се фер и демократски, а не дали сите ќе учествуваат
За нас одлучувачко е изборите да се одржат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. Врз освноа на тоа можеме да ги направиме следните чекори и да продолжиме напред, нагласува еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за софиски „Капитал“ во врска со најавените парламентарни избори на 24. април во Република Македонија.
ЕУ, истакнува Хан, ја оценува подготовката и реализацијата на изборите, а тоа го прават експерти од меѓународни организации.
- Ако една држава има статус на кандидат за членство десет години по ред, и уште шест години Европската комисија препорачува да се почнат преговори, но тоа не се случува затоа што нема едногласност, секако не е лесно. Сепак, мислам дека успеавме процесот да го вратиме на патеката, но неопходно е и ЕУ да направи нешто, инаку се е бесмислено, порачува еврокомесарот Хан.
Тој смета дека ако Македонија докаже дека е ориентирана кон ЕУ и кон НАТО, тоа треба да биде наградено и навистина ќе добие покана за почнување преговори. Ако тоа не се случи, подвлекува, ќе имаме поинаков развој, а тоа не е во интерес на мнозинството граѓани.
- Договорот меѓу опозицијата и Груевски за разрешување на политичката криза во Македонија има многу елементи, а изборите во април се само еден од нив. Дел од тие елементи се исполнети, макар и по крајниот рок што беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација убаво е да има национален консензус. Но, треба да прифатиме дека тоа може и да е недостижно. Она што е значајно за нас е изборите да се фер и демократски, истакнува Хан.
Тој додава оти работат со ОБСЕ, кои ќе испратат, како што вели, повеќе луѓе од вообичаено да набљудуваат, како во подготвителна та фаза, така и на самото гласање на изборниот ден. Во Турција, потсети Хан, на последните избори имаше 30 набљудувачи, а сега во Македонија, подвлекува, многукратно помала држава, ќе има 24.
- ОБСЕ се подготвени да и помагаат на македонската ДИК, ако таа побара помош. Пак ќе речам, за нас одлучувачко е изборите да се случат на фер, транспарентени демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред, нагласува во интервјуто Хан.
Посочува дека ако има позитивен резултат, очекува државите од ЕУ да работат проактивно за решавање на прашањето за името.
- Блокирањето на преговорите за членство од страна на Бугарија и на Грција придонесува за создавање на оваа атмосфера и за ситуацијатѕа што во Македонија ја имаме во моментот. Неопходни се политички решенија, оцени Хан.
Тој потсети дека пред 10 години Македонија беше првенецот на балканското одделение, а сега, вели, е во далеку полоша форма. - И искуството покажува дека ако државите немаат европска перспектива нештата се изјаловуваат, порачува еврокомесарот во интервјуто за „Капитал“.
Ново на Сител
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички
-
Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари
-
ВЛЕН: Со ДУИ нон грата, здраството беше во „клиничка смрт“
-
Обвинителството нема кривично да го гони Дрин Ахмети, количината на пиротехниката не била голема
-
Полска го повика унгарскиот амбасадор поради азил за поранешниот министер
-
Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца
-
Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства
-
Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година