Хан: Без Западен Балкан, ЕУ никогаш нема да биде целосна
Комесарот на ЕУ за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска изјави дека народите и земјите од Западен Балкан делат иста култура, идентитет и историја со земјите и народите во Европската унија и додаде дека без тој регион, Унијата никогаш нема да биде целосна.
На прашањето како тој би ги уверил граѓаните на ЕУ, кои имаат резерва кон проширувањето, дека членството на Западен Балкан ќе биде добро за Европа, Хан за „Независне новине“ рече дека без Западен Балкан, ЕУ како унија за мир, безбедност и просперитет, Унија на вредности како што се демократија, еднаквост и човекови права, никогаш нема да биде целосна.
- Економијата на ЕУ и на земјите од Западен Балкан се меѓусебно поврзани. Споделуваме исти цели за економски просперитет и тоа е причината поради која ЕУ, исто така, го прошири својот интерес на овозможување на земјите од Западен Балкан да бидат економски подготвени за влез во ЕУ, истакна Хан во интервјуто дадено по повод вчерашното предавање на Прашалникот на ЕУ на претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.
Хан дополни дека ЕУ и Западен Балкан имаат и заеднички предизвици, како што се тероризам, борба против организиран криминал, миграција и други теми.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот