Хан апелираа до Албанија за брзо затворање на прашањето за имотот на малцинствата
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан апелирал до Албанија што побрзо да ја затвори процедурата за враќање и компензација на имотот на малцинствата.
Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот извештај за Албанија, Хан наведе дека „овој процес не е гарантиран“.
Според Хан, Брисел од блиску го набљудувал процесот на подготовка на законот за заштита на малцинствата и оти овој процес опфаќа политички консултации, како и помош од меѓународна техничка експертиза.
Грчкиот европратеник се задржал и на прашањето на слободата на изразување, борбата против корупцијата и организираниот криминал во Албанија,слободата на медумите, како и заштитата на поединците, локалните заедници и малцинствата од нетранспарентните одлуки во Албанија.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР