Хамнеи: Новите американски санкции против Иран се во спротивност со нуклеарниот договор

Одлуката на американскиот Сенат да наметне нови санкции против Иран е „неспорно“ прекршување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и шестте светски сили, меѓу кои и САД, денеска за иранските медиуми изјави високо позициониран советник на врховниот верски лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеи, пренесоа британските медиуми.
Сенатот на САД вчера ги одобри санкциите заради иранските програми за балистички ракети и други активности, што немаат врска со нуклеарниот договор.
-Иранската комисија, која го набљудува почитувањето на спогодбата, со сигурност ќе го проучи потегот на Конгресот и ќе излезе со достоен одговор, рече советникот Али Акбар Велајати.
Според него, асктивностите на сенаторите се „неспорно прекршување на духот и словото на нуклеарниот договор“.
Велајати додаде дека на овој начин Вашингтон се обидува да ги прикрие поразите што ги претрпе во Иран, Ирак и Сирија.
Иницијативата на американскиот Сенат треба да се одобри и од Претставничкиот дом на Конгресот и да биде потпишана од претседателот, за да може потоа да влезе во правна сила.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
