-->
-->
Хамилтон: Второто место е неуспех за мене!
-->
Лидерот во генерален пласман во Формула 1, Луис Хамилтон, вели дека не планира да ја користи тактиката на својот поранешен колега, актуелниот шампион Нико Розберг, и да освојува сигурни втори места до крајот на сезоната за да го потврди трофејот.
Возачот на Мерцедес ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел во Ферари на 34 поени бидејќи заврши втор на малезиското ГП, а Фетел беше четврти, со што математиката му дозволува во последните пет трки од сезоната да биде постојано втор и да стане шампион.
Минатата сезона, сега пензионираниот Нико Розберг, победи на јапонското ГП, по што во последните четири трки од сезоната беше втор зад Хамилтон и стигна до титулата со 5 поени разлика. Германецот веднаш потоа се повлече од спортот и Хамилтон вели дека не сака таква тактика.
„Сакам да победувам секој викенд. Некој спомена дека Нико сакал да завршува како втор во последните трки бидејќи имал добра позиција. Но, тој се тркаше за пол-позиции, за победи, не за второ место. Најдобро е да размислувам дека уште сум ловец, а не дека бранам позиција. Кога ќе се освои трофејот, тогаш ќе биде крај“, вели Англичанецот пред трката во Јапонија овој викенд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер