Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
Недостигот на работна сила во индустријата за облека и обувки, како и во туризмот ја натера албанската Влада да преземе дополнителни мерки за да гарантира непречено функционирање на овие бизниси.
За да ги задоволи овие потреби, извршната власт е во завршна фаза на потпишување договор за увоз на квалификувани работници од странство.
Во меѓувреме, се дознава дека од овој договор се очекува во Албанија да пристигнат околу 40.000 квалификувани работници од Филипините.
-Договорот се очекува да биде одобрен во јуни од албанската Влада. Од овие вработени, 15.000 од нив се очекува да бидат вработени во преработувачкиот сектор, додека останатите ќе бидат вработени во туризмот и другите сектори од економијата погодени од кризата од недостиг на домашна работна сила, изјаво генералниот директор за вработување и стручно образование во Министерството за економија, Албин Гега.
Филипините се избрани бидејќи е земја за чии државјани Албанија не служела како транзит за илегални имигранти во западните земји.
Ново на Сител
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис