Хамес му врти грб на Наполи, сака во Мадрид

Офанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез е лут поради неподготвеноста на Наполи да ја платат потребната сума на „белите“ за негово привлекување. Ова го турка Колумбиецот кон трансфер во Атлетико Мадрид.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и тренерот Карло Анчелоти објавија во изминатите денови дека преговорите нема да бидат дадат плод наскоро и тоа може да ги присили неаполитанците да бараат други алтернативи. Шпанските медиуми објавија дека овие зборови на раководните лица на клубот го налутиле Хамес.
Оваа ситуација може да се искористи од градскиот ривал Атлетико Мадрид. Цената што Реал ја сака за потписот на играчот е во рамките на 42 милиони евра. „Јорганџиите“ имаат тенденција да ја дадат оваа сума, особено по излезниот трансфер на Антоан Гризман во насока Барселона.
Колумбискиот ас одлучил дека има желба да игра под водство на Диего Симеоне што ќе му овозможи и да остане во шпанската престолнина Мадрид.
„Кралевите“, сепак, ќе бараат начин да не го засилуваат својот директен конкурент.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
