-->
-->
Хамас соопшти дека лансирал бараж ракети кон Тел Авив
-->

Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, лансирало бараж ракети кон Тел Авив, се вели во соопштението објавено доцна синоќа по локално време.
Групата тврди дека акцијата е одговор на, како што ги нарекува, „ционистичките масакри врз цивилите“.
Ракетите биле истрелани од локација во северниот дел на Појасот Газа, според Изат ал Ришк, член на политичкото биро на Хамас.
Претходно синоќа израелскиот одбранбен систем „Железна купола“ пресретна најмалку десетина проектили над центарот на Тел Авив. Тоа беше втор круг закани над градот откако заврши примирјето меѓу Израел и Хамас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
