Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници кои ги држи во Појасот Газа, како „прв чекор“ од договор за прекин на огнот со Израел.
Сепак, израелските власти изјавија дека сè уште не добиле список од палестинското исламистичко движење.
Претставник на Хамас изјави дека групата од 34 заложници вклучува „жени, болни лица, деца и постари“ меѓу израелските заложници.
Тој додаде дека на Хамас ќе им биде потребна една недела за да воспостават контакт со сите киднапери и да утврдат кои од заложниците се живи.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку својата канцеларија соопшти дека, спротивно на наводите, Хамас сè уште не доставил список со заложници.
Индиректните преговори меѓу двете страни продолжија викендов во Доха, Катар, кој посредува заедно со Египет и САД за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Во меѓувреме, израелските напади во Појасот Газа вчера убија најмалку 23 лица, а израелската војска уби палестински тинејџер при операција на окупираниот Западен Брег.
Ново на Сител
-
Сончево и релативно топло, по котлините магла и ниски облаци
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“