Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори

Палестинското движење Хамас денеска им предаде уште тројца израелски заложници на претставници на Црвениот крст во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, објавија медиумите во Израел.
Телевизиите објавија снимки на кои се гледа како радикалната палестнска група ги ослободува Охад Бен Ами и Ели Шараби, двајцата заробени во Кибуц Беери во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, и Ор Леви, кој беше киднапиран за време на музичкиот фестивал Нова.
Во замена, Израел ќе ослободи 183 палестински затвореници, од кои 18 отслужуваат доживотни затворски казни и 111 заробени за време на војната во Газа.
Десетици маскирани и вооружени палестински милитанти беа стационирани во Деир ал Балах во Појасот Газа, каде што беше планирано заложниците да му бидат предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), кој потоа ќе ги пренесе до израелските сили во Газа. Покрај борците на Хамас, на местото на размена се собра и голема толпа палестински цивили.
Ова е петта размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари. Досега Хамас ослободи 18 заложници, а од израелските затвори се пуштени повеќе од 550 Палестинци.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас ја запре 15-месечната војна во Појасот Газа, во која според палестински извори, се убиени повеќе од 47.000 луѓе.
И покрај некои превирања, примирјето постигнато со посредство на САД и Египет, досега се почитува.
Ненадејниот повик на американскиот претседател Доналд Трамп за Палестинците да се преселат од Газа и Вашингтон да ја преземе контролата врз палестинската енклава за да го претвори Појасот Газа во „ривиера на Блискиот Исток“, сепак, ги зголеми стравувањата дека прекинот на огнот може да пропадне, забележуваат агенциите.
Ново на Сител
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
