Свет
27. November 2017 - 15:23

Хамас ќе го префрли оружјето на Западен Брег

Палестинското движење Хамас повторно одби да се разоружа пред клучниот рок во преговорите за помирување и наместо тоа се закани со нови напади врз Израел.

Од петок Хамас почнува со предавање на контрола на Палестинската управа во Појасот Газа, но  судбината на военото крило Ежедин ал-Касам бригадата се уште не е позната.

- Оружје за отпор е црвена линија и за тоа нема разговори. Нашето оружје ќе биде префрлено на Западен Брег, за да се користи во борбата против окупацијата. Наше право е да се бориме против окупацијата додека таа не престане, изјави Калил ал-Хаја, заменик шеф на Хамас.

Повеќе од 400.000 Израелци живееа во окупираните илегални населби на Западен Брег. Во Газа, каде на власт е Хамас од 2007 година нема илегални доселеници.