Хагари: Почна четвртото ослободување на заложниците, продолжувањето на примирјето се уште не е конечно

Портпаролот на израелските одбранбени сили-ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари, доцна вечерва изјави дека почна четвртото ослободување на заложниците од Појасот Газа.
Тој рече и дека продолжувањето на привременото примирје во војната со Хамас не е конечно, но оти постојано се преговара со посредници.
– Ништо не е конечно додека не се случи. Работите напредуваат и вечерва, но потребно е трпение, рече Хагари.
Исламскиот екстремистички Хамас, во нападите на југот на Израел на 7 октомври киднапираше и одведе околу 240 заложници во Газа. Хагари го обвини Хамас дека снимал пропагандни видеа за ослободување на заложниците во последните три дена, објавија израелските медиуми.
На видеата се гледа како екстремистите им мавтаат на заложниците додека заминуваат, а Хагари вели дека тоа нема да ја прикрие „бруталноста на Хамас“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва на крајот од владиниот состанок за воениот буџет изјави дека планот за заложниците продолжува како што е договорено и оти клучна цел е нивно ослободување и елиминација на Хамас и да се осигура дека заканата нема да се повтори, алудирајќи на ненадејните напади на палестинските екстремисти на југот на Израел по што почна војната.
Тој не ја коментираше објавата на Катар, Хамас и САД дека е постигнат договор за дводневно продолжување на примирјето кое стапи во сила во четвртокот и требаше да заврши утре наутро.
Израелските власти претходно изјавија дека ќе се согласат на дополнителен ден на примирје за секои десет заложници ослободени од Хамас.
Од почетокот на прекинот на огнот, 39 Израелци се ослободени во замена за 117 палестински затвореници.
Покрај тоа, 19 приведени странци, главно Тајланѓани, беа ослободени надвор од договорот.
Денеска беше најавено ослободување на 11 Израелци и шест Тајланѓани. Израел ќе ослободи три жени и 30 машки малолетници.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
