Хаџи-Јанев: И Владата и меѓународниот фактор мора напорно да работат ако не сакаат да паѓа довербата во ЕУ и НАТО
Македонското раководство но и меѓународниот фактор ќе мора многу повеќе да работат доколку не сакаат да се случи забрзано да почне да се намалува довербата во евроатланските институции, вели за Детектор професорот по безбедност Методи Хаџи-Јанев.
„ Генерално сметам дека три се главни фактори. Пред се прво е лошото управување во претходните 30 години, кое што во најголема мерка јас би ја ставил стратешката комуникација, начинот на кој што се пласираше или се создаде идеја за тоа што претставуваат и што значат евро- атланските вредности.. Втората причина е пред се јас би рекол реактивна кај населението, бидејќи имаше надеж која што кај сите беше на некој начин создадена како рамка, дури и од западните претставници, дека со решавање на проблемот со името, после отстапките за гордоста за знамето итн, дека се отвора непречено тој пат и сега ова ветото од Бугарија или она запирање на тој пат е таа таа реакција или она незадоволство. На крај третиот дел е најмалку влијателен, бајатоста на странскиот фактор односно на партнерите во пристапот на решавање и менаџирање на проблемите. Ако го видите моделот на кој што сега тие се уште ги промовираат евро-атланските вредности , тоа е некаде рани деведесетти а не во време кое има други поинакви гео – стратешки импликации.“ – вели Хаџи Јанев.
Тој смета дека водечките структури треба да ги земат овие анализи на јавното мислење и комуникацијата да ја прилагодат на новото време.
Ново на Сител
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја