Х. Р. Мекмастер нов советник на Трамп за национална безбедност
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека го номинирал генерал-потполковникот Ејџ. Ар. Мекмастер за свој нов советник за национална безбедност.
Мекмастер доаѓа на местото на Мајкл Флин кој беше разрешен од должносота набрзо по именувањето на функцијата, поради скандалот поврзан со неговите контакти со рускиот амбасадир во Вашингтон.
Најавувајќи ја номинацијата на Мекмастер, Трамп рече дека станува збор за човек „со неверојатен талент и огромно искуство“.
Мекмастар од своја страна изјави дека со нетрпение чека да ја преземе должноста советник за национална безбедност на американскиот претседател.
- Нетрпелив сум да му се придружам на тимот за национална безбедност и да направам се што е во моја моќ за да ги заштитам интересите на американскиот народ, изјави Мекмастер на неговото претставување на Флорида, придружуван од Трамп.
На промоцијата присуствуваше и актуелниот в.д. советник за национална безбедност Кит Келог, кој по изборот на Мекмастер се очекува да се врати на функцијата началник на Советот за национална безбедност.
Мекмастер има 32-годишна искуство како воен офицер, а во текот на својата кариера во два наврати бил во служба во Ирак - во 1991 година и од 2004 до 2006 година, како и во Авганистан.
Трамп го разреши претходникот на Мекмастер, Флин поради скандалот со неговото лажно информирање на потпретседателот Мајкл Пенс, дека на средби со рускиот амбасадор во Москва не разговарал за западните санкции кон Москва.
Трамп во четвртокот изјави дека е разочаран од односот на Флин кон Пенс, но нагласи дека не смета оти тој направил нешто лошо затоа што со рускиот амбасадор разговарал за санкциите.
Ново на Сител
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд