Фудбал
16. March 2017 - 10:04

Гвардиола: Во ЛШ не е доволно да си добар само едно полувреме

 
 
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по синоќешниот пораз од Монако и елиминацијата во осимнафиналето од Лигата на шампионите изјави дека во елитното натпреварување не може да се стигне далеку со добра игра само во едно полувреме.
 
- Одигравме одлично второ полувреме, но заборавивме тоа да го направиме и во првите 45 минути, а во Лигата на шампионите тешко се стигнува далеку со добра игра само во еден период. Се покажа дека не е доволно тоа што го направивме во вториот дел. Понекогаш потребно е да си посебен и среќен, а ние тоа не бевме. Нашиот тим е и без доволно искуство во ова натпреварување, изјави шпанскиот стучњак.
 
Монако во реванш осминафиналето од ЛШ го победи Манчестер Сити со 3:1 и оди понатаму и покрај вкупните 6:6, поради повеќе постигнати голови на гостински терен (3:5 за Сити на првиот дуел).