Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
Пеп Гвардиола призна дека следната сезона би можела да биде негова последна на чело на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ го победија Вест Хем со 3:1 на домашен терен во неделата вечерта и ја освоија рекордната четврта последователна титула во Премиер лигата и шестата за Гвардиола во седум сезони во Манчестер.
Шпанскиот стручњак има уште една година од договорот на „Етихад“ и се уште не е сигурен што му носи иднината.
-Вистината е дека поблиску сум до заминување, отколку до останување. Поминаа осум години, ме чека деветата. Во моментов, моето чувство е дека сакам да останам и следната сезона. Разговаравме со клубот, имаме време да разговараме следната сезона бидејќи треба да видам што мислат и играчите. Сакам да останам и следната сезона. За време на кампањата ќе разговараме. Но, по осум, девет години…“, изјави Гвардиола.
Тој освои се што е можно во англискиот фудбал и рече дека во еден момент се запрашал што друго може да постигне со Сити.
-Го имав тоа чувство минатата сезона кога ја освоивме тројната круна. Бевме во Истанбул и си помислив: „Готово е. Што правам овде? Нема ништо останато за освојување“. Но, јас имам договор. Јас сум тука и продолжувам да уживам во некои моменти – понекогаш сум уморен, но други многу ги сакам, додаде Шпанецот
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ