Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи

Признавам дека во моментов мојот тим не е подготвен за големи работи, но го барам вистинскиот пат, изјави денеска тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по новиот пораз на актуелниот англиски шампион.
Во 12. коло од Премиер лигата, Манчестер Сити доживеа тежок удар на домашен терен, запишувајќи пораз од Тотенхем со 4-0. Тоа беше петти пораз во низа за Манчестер Сити во сите натпреварувања.
„Кога започна нашата негативна серија, на сите им кажав дека моја должност и работа е да најдам излез од сè. Очигледно е дека сè уште не сум го нашол вистинскиот пат, продолжувам да го барам. Во сето ова, морам да кажам дека никогаш повеќе не сум имал верба во овој тим. Брзо ќе се снајдеме, гарантирам. Засилувања во текот на зимата? Кога мојот тим е заедно, без повреди, тогаш не му недостига апсолутно ништо, изјави Гвардиола, кој неодамна го продолжи договорот со клубот до јуни 2027 година.
Манчестер Сити сè уште е втор во табелата во Премиер лигата, но сега заостанува осум бодови зад лидерот Ливерпул.
„Тешко е да се справиш со фактот дека треба да играш без Родриго, кој беше прогласен за најдобар во светот. Претходно имавме и други повреди, а сега надвор од терените се Ковачиќ и Рубен Диас. Не е удобна позиција, но знам дека наскоро ќе дојде фазата кога повторно ќе победуваме“, додаде Гвардиола, чиј тим во вторник го очекува дуел на домашен терен во петтото коло од Лигата на шампиони против холандски Феенорд.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
