Гвардиола: Ако Мурињо беше навреден од моите зборови, се извинувам, но тоа беше само шега
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, одговори на острите зборови на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак изјави дека чесно освоил три титули во Премиер лигата, за разлика од Пеп.
-Би му кажал на Мурињо дека сме невини додека не се докаже спротивното! Ако некогаш го навредив, многу ми е жал, но тоа беше само шега. Факт е… Мурињо има три титули во Премиер лигата, јас шест! Ова се само факти! – изјави Гвардиола за „Beanyman Sports“.
За време на натпреварот на Сити против Ливерпул (0:2) во 13. коло на англискиот шампионат, Гвардиола како одговор на навредливите извици од навивачите покажа шест прсти на трибините, алудирајќи на шесте шампионски титули.
По овој гест почнаа да го споредуваат со Мурињо, на што шпанскиот стручњак рече: „Можеби сме доста слични… Но тој освои три титули, а јас шест“.
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?