Балкан
8. July 2015 - 11:24

Гувернерот на француската централна банка предупредува на можен хаос во Грција

Гувернерот на централната Банка на Франција, Кристијан Ноаје денеска предупреди на опасност од „хаос во Грција, каде „економијата се наоѓа пред банкрот“, доколку Атина и нејзините кредитори не успеат до недела да постигнат договор за финансисрање на земјата.

- Грчката економија е на прагот на катастрофа и затоа апсолутно е неопходно да биде постигнат договор до недела, по што ќе биде доцна и последиците ќе бидат тешки, изјави Ноаје.

Гувернерот истакна дека е „можно да има бунтови и хаос во земјата“.

Ноаје е и член на Управниот одбор на Европската централна банка, која го поддржува опстојувањето на грчките банки.