Гутереш: Пропуштена е историска шанса за обединување на Кипар
Пропуштена е историска можност во швајцарското летувалиште Кран Монтана, каде се бараше формула за повторно обединување на Кипар, но преговорите завршија без договор, се наведува во извештајот за Кипар подготвен од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Во документот се оценува дека во Кран Монтана до голем степен било договорено решение за стратешки договор за решавање на кипарскиот проблем, но завршило безуспешно поради недоверба и недостиг на политичка волја.
Извештајот е со датум 28 септември и го опфаќа периодот од мај 2015 до август 2017 година.
- Двете страни се доближија до постигнување стратешко разбирање за прашањето за безбедност и гаранциите, како и за сите останати суштински елементи за целосно решавање на проблемот, нагласи Гутереш, додавајќи дека според него, „Кран Монтана била пропуштена историска шанса“.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни