Гутереш: Принудното реселување цивили може да биде воено злосторство

Принудното раселување цивили во Сирија може да претставува воено злосторство, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во момент кога се случува една од најголемите евакуации за време на шестгодишната граѓанска војна во таа земја.
Гутереш во извештајот на Советот за безбедност на ОН потсети дека Светската организација повеќе пати изразила загриженост поради локалните спогодби за евакуација меѓу сириската Влада и опозициските групи, кои следеа по уништувањата на подрачјата и доведоа до принудно раселување цивили.
Тој ги потсети сириската Влада и опозицијата дека принудното раселување цивили „е исклучиво дозволено за да се гарантира нивната безбедност или за императивна воена потреба“.
- Во спротивно принудното раселување е забрането и може да претставува воено злосторство, додаде Гутереш.
Повеќе илјади Сиријци моментално се евакуираат од четири опколени градови во делот на Хомс, кој е под контрола на опозицијата.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
