-->
-->
Гутереш нов генерален секретар на ОН
-->

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш е новиот генерален секретар на Обединетите нации.
Договорот за тоа е постигнат на неформалното гласање во Советот за безбедност на ОН, зад затворени врати, а одлуката ја соопшти постојаниот руски претставник во ОН Виталиј Чуркин.
Гутереш добил поддршка од 13 членки на Советот за безбедност, а две држави биле воздржани.
На денешното гласање Гутереш не доби ниту еден негативен глас од постојаните членки со право на вето.
Чуркин изјави дека одлуката на Советот за безбедност ќе биде официјално потврдена утре, по што за Гутереш треба да се изјасни и Генералното собрание на ОН.
Гутереш веста ја објави на својот Твитер профил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Застрашувачки сцени од Банкок - најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
-

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади
-

Министерот Мисајловски во посета на касарната во Ќојлија
-

Собранието ќе избира нови членови на Владата
-

Сончево време со мала до умерена облачност
