Гутереш бара обнова на мировните преговори во Јемен

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика завојуваните страни во Јемен да ги „воскреснат“ мировните преговори, со цел да се стави крај на страдањето на цивилите.
- Како што знаете јас сум католик, а католиците веруваат во воскреснување. Така што доколку преговорите се мртви, тие можат да воскреснат. А верувам дека тоа можат од едноставна причина, а тоа е страдањето на цивилите во Јемен, рече Гутереш за време на престојот во Саудиска Арабија и додаде дека „толку страдање му го скришило срцето“.
Илјадници луѓе загинаа во Јемен, а милиони се соочуваат со глад, речиси две години, откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржа јеменската Влада и ги спречи бунтовниците Хути, кои ги поддржува Иран.
Хутите се некогашни припадници на безбедносните сили, лојални на поранешниот претседател Али Абдулах Салех.
Досега пропаднаа седум примирја меѓу бунтовниците и Владата, а ОН постојано повикуваат на прекин на огнот за да можат да достават хуманитарна помош.
Гутереш во Саудиска Арабија допатува од Турција, а денеска ќе биде во Дубаи, каде ќе присуствува на Самитот на светските влади.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
