Гутереш: Авганистан излегува од контрола
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата во Авганистан и предупреди дека „Авганистан излегува од контрола“.
– Ова е момент за запирање на офанзивата. Ова е момент за почнување сериозни преговори. Ова е момент за да се избегне продолжена граѓанска војна или изолација на Авганистан”, изјави Гутереш.
Талибанските милитанти зазедоа три големи авганистански градови и голем број провинциски главни градови, забележувајќи големи воени успеси во последните недели на терен, а исто така го затегнуваат обрачот околу Кабул, чија судбина сега е неизвесна. Гутереш ги повика сите страни да направат повеќе за заштита на цивилите.
Тој, исто така, рече дека е „длабоко вознемирен од првите индикации дека tалибанците воведуваат строги ограничувања за човековите права во областите под нивна контрола, особено правата на жените и новинарите“.
„Особено застрашувачки се потресните извештаи за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, рече тој.
Под талибанска власт помеѓу 1996 и 2001 година, жените не можеа да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште. Жените мораа да го покријат лицето и да бидат придружувани од роднина од машки пол, доколку сакаат да ја напуштат куќата.
ОН ја набљудуваат и проценуваат безбедносната состојба во Авганистан „час во час“ и преместуваат дел од персоналот во Кабул, но не евакуираат никого од земјата, изјави портпаролот на ОН. ОН има околу 3.000 локални вработени и околу 300 меѓународни лица во областа во Авганистан.
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти