-->
-->
Густ чад ја прекри Железара - пожар во „Макстил“
-->
Отпадно железо пред рециклирање синоќа се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар.
Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека опожарени се околу 500 кубни метри складирано железо и оти се уште се работи на терен.
- Температурата е намалена и почнува да се работи на физичко отстранување на материјалот и негово догаснување, изјави Томески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ