ГСОЛ/Еуроникел достави ревидиран план за реорганизација на ФЕНИ Индустри
ГСОЛ/Еуроникел до Основниот суд Велес достави ревидиран план за реорганизација на ФЕНИ Индустри и најавува дека веднаш по прифаќањето на планот за реорганизација ќе почне со спроведувањето на инвестициските планови.
– Планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри е дополнет според барањата на судот и е доставен на повторно разгледување. Планот, исто така, доби позитивни препораки од одборот на доверители на ФЕНИ АД во стечај и од стечајниот управник. Сето тоа е направено според законските барања и во најкус временски период со цел што побрзо и административно да се заврши стечајната постапка и да започне процесот на инвестирање во зголемување на производството и обезбедување на иднината на ФЕНИ, соопшти ГСОЛ/Еуроникел.
Со ова, се додава во соопштението, уште еднаш се потврдуваат намерите на ГСОЛ/ Еуроникел за спас на ФЕНИ преку зголемување на производните капацитети и отворање нови пазарни можности на глобално ниво.
– ГСОЛ/ Еуроникел е единствениот инвеститор којшто предложи успешно спасување на ФЕНИ преку реорганизација. Планот беше прифатен од страна на Одборот на доверители уште во месец јуни, последователно усвоен од Собранието на доверители. Беше вратен за прилично технички корекции, и сега повторно е доставен до судот, по што се чека конечната судска одлука. Според доверителите ова е позитивен план кој ветува резултати, нагласуваат од ГСОЛ/ Еуроникел.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ

