Група сириски бунтовници обучувани од САД замина за Сирија
Група од 75 сириски бунтовници, кои минале обука спроведена од американски офицери во камп во Турција, во текот на викендов заминале за Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
- Вкупно 75 нови борци, обучени во камп во близина на турскиот главен град (Анкара) во ноќата меѓу петокот и саботата влегле во Сирија во провинцијата Алепо, изјави раководителот на Центарот, Рами Абдул Рахман.
Бунтовничките борци, опремени со лесно оружје и муниција, отпатувале за северната сириска провинција Алепо со конвој возила, заштитувани од летала на возухопловствата на меѓународната коалиција, која извршува воздушни напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак..
Според Центарот, овие 75 обучени бунтовници ќе се вклучат во борбите на две бунтовнички групи во Сирија, кои се поддржани од САД.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб