Ракомет
10. May 2017 - 17:07

Група по мерка за ракометарите на Македонија до 21 година на СП во Алжир

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 21 година е извлечена да биде во групата Ц на Светското првенство што од 18 до 30.јули ќе се одржи во Алжир. На денешното извлекување на групите што се одржа во Базел во седиштетот на Светската ракометна федерација Македонија беше рангирана во „третиот шешир“ и за противници ги доби европските селекции Шпанија и Русија, Бразил од Јужна Америка, Тунис и Буркина Фасо од Африка.
Во другите групи ќе играат: 
Група А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Јужна Кореа, Чиле.
Група Б: Франција, Катар, Данска, Египет, Словенија, Шведска.
Група Д: Хрватска, Исланд, Алжир, Саудиска Арабија, Аргентина, Мароко.
Четирите првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во следната фаза во осминафиналето, додека другите две селекции ќе се борат за пласман од 17 до 24.место.