Група од 14 владици на СПЦ бараат Собор, тврдат дека угледот на Црквата е нарушен

Во писмо до патријархот Иринеј, група од 14 владици на Српската православна црква (СПЦ) повика на редовна седница на есенскиот Светиот архиерејски сабор поради наводно „скромно” одбележување на 800 години од автокефалноста на СПЦ, „загриженост за евентуално признавање на Косово… и заради одлуката да му се додели Орден на Свети Сава од Прв степен на претседателот на Србија првпат во осумвековната историја на Црквата”.
„Ваша Светост, ние знаеме дека на оние на кои сето тоа им одговара, го кријат од вас, но ние за жал ви сведочиме дека угледот на нашата најсвета Црква и на Вас лично е нарушен. Заради тоа по долго воздржување конечно сме биле принудени да се огласиме и заеднички да се обидеме што побрзо да го вратиме угледот и стабилноста во нашата Црква. Времето немилосрдно тече и одлагање на дискусија и решавање на проблемот до мајскиот Сабор што може скапо да не чини”, се наведува во писмото испратено до Патријархот на 5 октомври.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
