Груевски: Во 2016-та ќе почне градбата на три студентски дома

Во 2016 година ќе почне изградбата на уште два студентски дома во Скопје и еден во Тетово, а во тек е реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, истакна премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање, осврнувајќи се на проектите во образованието.
Подвлече дека во 2015 година со работа почна филмската школа во Охрид, во соработка со престижната чешка школа ФАМУ и Штипскиот универзитет, почна изградбата на објекти за два факултета - за ФИНКИ и за Факултетот за физичка култура и е донесена одлука за формирање нов универзитет „Мајка Тереза“, кој ќе биде на македонски, албански и на англиски јазик и ќе претставува нов квалитет во високото образование во Македонија.
- Истовремено планираме Воената академија, која ја возобновивме, да прерасне во нов универзитет за национална безбедност во чиј склоп ќе работат повеќе факултети. Прашањето со зајакнувањето на квалитетот на високото образование, како и минималните стандарди во делот на научни трудови на наставниот кадар, остана тема на која треба да се обрне повеќе внимание во 2016 година, истакна премиерот Груевски во новогодишното обраќање.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
-

Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
-

Оризот пред најтешка реколта, оризарите бараат итни мерки
-

Почна изградбата на подземна катна гаража и плоштад во Велес
-

Во тек 2 повици на Министерството за економија вредни 7 мил. денари за подобрување на конкурентноста на компаниите
-

СВР Струмица наоѓа трајно решение за импровизираните дрвосечачки машини
