Груевски: ВМРО- ДПМНЕ е победник на овие избори!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им честиташе на сите граѓани за успешно спроведените избори. -Македонија повтoрно имаше фер, демократски и кредибилни избори. Честитки за сите граѓани кои гласаа на овие избори, посебно на оние кои го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.
-Од 88,61 процент обработени гласови, 434.051 глас се за ВМРО ДПМНЕ, а 415.258 за СДСМ и со тоа ВМРО- ДПМНЕ е победник на овие избори во Македонија. Денес победи ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија, но денес победи и Република Макекедонија.
Ова е, рече тој, 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и 10. пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го подржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме.
-Ќе работиме да ја оправдаме оваа поддршка. Благодарноист до сите глаачи во општините каде победивме, но и до гласачите во општините во кои не победивме. Благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, до Унијата на млади сили и Унијата на жени, до ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, до сите коалициони партнери и до сите активисти на партија и Коалицијата.
Груевски потенцираше и дека е задоволен што ВМРО-ДПМНЕ победи и во ИЕ4 со 7.476 гласа.
-Следува процес на формирање на коалиции и формирање на Влада. Кризата мора да заврши и Македонија да оди напред- тоа е наша главна цел. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидат секогаш со народот и ќе работат во корист на државата и националните интереси. Тие секогаш може да сметтта да нашата поддршка, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
