Груевски: Владините проекти придонесуваат за континуиран развој на туризмот
Покрај двете плажи на Преспанското Езеро, заврши и изградбата на плажите во Дојран, а наскоро ќе почне и изградба на плажата Лагадин во Охрид, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на новата плажа во Стење.
Груевски напомена дека продолжуваат владините проекти за континуиран развој на туризмот.
- Оваа плажа е составен дел на нашите активности поврзани со развојот на туризмот, инвестирањето во понудата и вкупното вложување во оваа дејност. Имаме доста инвестирано и во промоција, субвенции за тур-оператори и за нови авионски линии, но и во нова понуда за туристите што доаѓаат, нови содржини како што се музеи, плажи..., се што им е потребно на туристите и што би можело да го привлече нивното внимание да ја изберат Македонија како нивна туристичка дестинација, изјави премиерот.
Плажата во Стење за која инвестицијата е околу 950.000 евра, зафаќа 500 метри со сите потребни содржини како ресторани, кафулиња, места за спасувачи, инфраструктура, чадори, лежалки... Останува општината преку Комуналното претпријатие да објави оглас за концесионер за да има фирма која ќе се грижи за одржување на плажата.
- За Охрид планираме изградба на уште неколку други плажи. Дел по дел секоја година по една до две плажи во сите три езера предвидено е да се прават, рече Груевски.
Според него, во првите пет месеци од 2015-та зголемен е бројот на туристи од 8,3 отсто, а на странските за 17 проценти.
- Значајно е што компанијата ТАВ која ги концесионира двата македонски аеродрома неодамна објави податок дека во јули имале зголемување на бројот на патници за 28 проценти споредбено со истиот месец лани. Во првите седум месеци оваа година споредено со истиот период минатата имаат зголемување на бројот на патници за 17 отсто. Сите овие инвестиции што ги правиме даваат резултати. Туристите и од странство се повеќе доаѓаат во Македонија, подвлече претседателот на Владата.
Од 2007 до 2014, додаде, удвоен е број на туристи во Македонија, а со зголемувањето годинава, пораст е повеќе од 100 отсто.
- Ќе продолжиме со нашите напори и она што сме го ветиле. Имаме инвестиции во сите туристички места како во плажи така и во патеки покрај езерата, спортски игралишта и се што е потребно нашите туристички места да станат се поатрактивни за домашните, но и за странските туристи, потенцира премиерот Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Сите патни правци во државава се проодни
-
Обвинителството ги истражува причините за смртта на професорот Кожухаров, декан на Економски факултет Скопје
-
Во Белград убиен 27-годишник
-
Институтот за јавно здравје издаде препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето
-
Сиљановска Давкова: Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница
-
Билд: Расте бројот на жртви - четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург
-
ФИФА потпиша договор со Нетфликс за двата следни женски фудбалски мундијали
-
Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист