Груевски: Тоневски заслужува да добие уште еден мандат
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и кандидатот за градоначалник од неговата партија за Пробиштип Тони Тоневски попладнево имаа средба со жителите на Злетово. Груевски им порача на граѓаните на Злетово дека Тоневски заслужува да добие уште еден мандат, бидејќи има направено и повеќе од тоа што ветил.
Во општина Пробиштип, рече Груевски, во 2006 година имало вкупно 1.737 вработени лица, а на крајот од 2016 година 4.642 нови вработувања Соопшти дека ќе обезбедат за учениците од прво до петто одделение бесплатен здрав оброк, ќе им овозможат на граѓаните на Пробиштип да стекнат сопствен дом по симболична цена од по едно евро по квадрат, а ќе ги укинат и намалат трошоците за комуналии.
- Ние нудиме концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица и во секое маало ќе се гради парк. Ќе се реконструира и кејот на Злетовска Река, а левиот крак од Злетово ќе се приклучи кон колекторскиот систем во Злетово. Ќе се реконструираат и асфалтираат неколку патишта и улици, ќе се изгради и велосипедска патека, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше опонентот СДСМ, текот на кампањата и спроведувањето на првиот изборен круг кој, според него, бил со нерегуларности. Се случуваат, како што рече, „едни од најкриминалните избори“ и смета дека Македонија е во опасност - економска и политичка.
- Би им порачал дека не ја бива вака, сте се фатиле на погрешно оро, одите на погрешен пат, вие ВМРО не можете да го срозите. Ќе дојде време да се средат сметките, а тогаш ќе ве видиме каде ќе се правдате и колку ќе ви биде срам, рече Груевски.
Кандидатот Тони Тоневски очекува во вториот круг да има уште поголема поддршка од граѓаните отколку во првиот круг. Планирано е, рече, да се покрие градскиот пазар во Златово, нов базен, ново баскет игралиште, целосна реконструкција на главната улица, доасфалтирање на уште неколку неасфалтирани, инвестиции во делот на канализацијата и во селата кои гравитираат околу Злетово, реконструкција на патот до Древено, асфалтирање патот до Јамиште.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението