Груевски: Средбата во Будимпешта значајна за државните интереси на Македонија

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Никола Груевски денеска во Будимпешта присуствуваше на средба со десничариските партии од Балканот што ја организираше унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Груевски по средбата оцени дека се работи за партиски состанок, но оти тој е од значење за државните интереси на Македонија.
- Иако ова е партиска соработка, таа се однесува на државните интереси и напредокот на државата и е добро кога Македонија ќе ја има зад себе Унгарија, Хрватска, Словенија итн. како и лидери кои се добро познати од овој регион и кои ќе вршат влијание во ЕУ, Македонија што побрзо добие покана за членство во ЕУ, изјави Груевски.
Тој посочи дека состанокот бил во правец да се разгледаат политичките и економските состојби на земјите коишто присуствувале на средбата, меѓу кои имало земји членки на ЕУ, но и земји кои се стремат да бидат дел од европската заедница.
- Ќе се поддржуваме и како партии, но и како држави, да се елиминираат дестабилизирачките фактори и да се поттикнат и помогнат оние земји коишто не се членки на ЕУ побрзо да станат, а оние што се земји членки на ЕУ, да го поддржат стапувањето на оние кои не се членки на ЕУ, нагласи Груевски.
Тој додаде дека унгарскиот премиер Орбан споменал дека не се заморени од проширување и оти сакаат да го поддржат овој процес и да помогнат земјите од регионот кои не се членки на ЕУ, што поскоро да станат дел од Унијата.
До крајот на годината било договорено да се одржи уште една ваква средба, најверојатно во октомври или ноември.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
