Груевски се сретна со холандскиот министер за надворешни работи Кундерс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.
На средбата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, беа разменети ставови и размислувања за актуелната политичка состојба, односите меѓу двете држави и интеграциските процеси важни за Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го запознал својот соговорник со актуелната политичка состојба при што посочил дека престојните избори на 24-ти април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето на стабилна влада, која е клучен елемент за продолжување на реформите и мерките насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните како и справување со предизвиците поврзани со мигрантската криза.
Груевски изразил уверување дека за ВМРО-ДПМНЕ суштински важно е изборите на 24-ти април да бидат фер и демократски при што ќе биде испочитувана волјата на мнозинството граѓани. Тој посочил дека граѓаните се тие кои ќе одлучат на избори за иднината на земјата и дека изборите како такво се врвно демократско право.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласил дека и понатаму стратешка цел претставува членството во Европската унија и НАТО, како и примена на принципите и вредностите кои произлегуваат од оваа стратешка цел.
Соговорниците ги потврдиле добрите и пријателски односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со заемно почитување и поддршка.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
