Груевски се сретна со германскиот парламентарец Тобијас Зек

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го запознал соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за, како што наведуваат, изборната измама што поразениот СДСМ ја направил со прифаќањето на тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа мега изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта, намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот, со нарушувањето на правилото за коалицирање победник со победник кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите.
Груевски, се наведува во партиското соопштение, потенцирал дека сите досега преземеми чекори на ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа, како што се истакнува во соопштението, изборна измама низ улиците на над 30 градови во Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека покрај овие теми во разговорот се дискутирало и за можните ризици од нова мигранска криза, при што Груевски потенцирал дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени, и покрај огромните напори и финасирања на Институтот отворено општество во обратен правец.
Средбата со Тобијас се одржа во Малта, каде од утре почнува самитот и конгрес на Европската народна партија, каде свое учество ќе земе и делегација на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
