Груевски: СДСМ прифати воведување бадинтер во ДИК
Чудно за нас е што СДСМ го прифати барањето на ДУИ за Бадинтер. Тоа значи дека во сите општини каде етничките заедници имаат над 20 отсто ќе може да се суспендира гласањето на членовите на ДИК, односно да важи само на оние кои се од различните етнички заедници, што значи може да се блокира работата на ДИК, рече Груевски во Дневникот на СИТЕЛ.
-Тука е партиска борба за превласт на една политичка партија, зошто таа политичка партија може истото да го направи и да наштети на друга политчка партија од истиот етнички блок. Повеќе може да наштети на партија од ист етнички блок, отколку на партија од различниот етнички блок. Се судруваме со апсурди,се обидуваме да бидеме колку можеме порационални и поконструктивни. Ние знаеме дека ќе победиме, полесно е да попушташ кога знаеш дека ќе победиш. Правиме компримиси, но знаеме една работа, дека компромисите треба да имаат смисла, да не биде нешто што ќе биде само за овие избори и веќе наредните цела држава ќе констатира дека тоа било глупост и дека треба сите заедно да констатираме да се смени. Се трудиме да направиме компримиси, многу работи попуштивме, зошто знаеме дека и со тие ќе победиме но се' треба да има смисол, да биде фер, а не една пaртија да добие се' што ќе побара, а друга да има нефер губиток поради тоа, рече Груевски.
.be
Ново на Сител
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа