Груевски: САД останува стратегиски партнер на Македонија
Премиерот Никола Груевски доцна вечерва по македонско време, во Вашингтон оствари средба со потпретседателот на САД Џо Бајден.
- Со господинот Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците, изјави Груевски по средбата.
Америка е партнер на Македонија. Со неа, како што нагласи Груевски, потпишавме Декларација за стратегиско партнерство во 2008 година, а во многу работи од САД имаме и сериозна поддршка.
Премиерот Груевски и потпретседателот Бајден на средбата зборувале за повеќе теми.
- Зборувавме за политичкиот договор, зборувавме за реформите во повеќе сфери, зборувавме за економијата и економската соработка, зборувавме за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ и нивната поддршка на тој правец ќе биде многу значајна за нас во иднина, подвлече Груевски.
Премиерот Никола Груевски пред средбата со Бајден, имаше средби и со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, како и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.
Ново на Сител
-
Аргентина ја напушта контролата врз валутата откако обезбеди нов кредит од ММФ
-
Променливо облачно со повремен дожд и ветер
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство