Груевски: Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра
Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајки на новинарско прашање.
Тој најави дека следниот месец започнува темелната реконструкција на патот Гевгелија - Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ќе бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември - декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско - Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце до Крива Паланка.
Во првата половина на следната година треба да започне и градбата на патот Охрид - Пештани и патот Кочани - Штип со четири ленти, како и патот Радовиш - Штип исто така со четири ленти, рече Груевски.
Во моментот во длабока фаза на проширување е и регионалниот пат од Велес до Штип кој треба да премине во експресен пат.
- Сите овие проекти вредат околу 276 милиони евра, значајни средства за околу 126 километри пат коишто ќе бидат од голема корист не само за граѓаните од тој регион, туку за цела држава затоа што тоа се патишта по кои патуваат луѓе од целата држава, а исто така и странци, оцени премиерот Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера