Бизнис
17. November 2015 - 17:37

Груевски посети фарма за крави, инвестиција од програмата ИПАРД

Премиерот Никола Груевски денеска во село Бардовци ја посети фармата со 80 крави на сопственикот Мирослав Атанасовски, кој со помош на средства од ИПАРД-програмата купил трактори и опрема за одгледување на добитокот.

- Од 2007 редовно ги користиме субвенциите за млеко, за грло... и можам да кажам дека имаме убав живот, рече Атанасовски, кому во план му е да набави нова сорта крави молзници од Германија.

Задоволство ни е, рече премиерот, кога гледаме колку со нашите напори што ги правиме овозможуваме што повеќе корист за земјоделците и што тие се задоволни од тоа. - Ние, пак, сме задоволни и од нивните препораки што да направиме за понатаму, изјави Груевски. 

Сточарот предложи да се усоврши стариот канал за наводнување, кој е 10 км долг и може да го користат и околните населени места Злокуќани и Ново Село. 

Груевски му соопшти дека во фаза на формирање е ново претпријатие надлежно за наводнување и одржување, кое годишно ќе има просечно по 20 милиони евра буџет. Посочи дека секоја година ќе има листа на приоритети во кои ќе се инвестира.