Груевски: Подеднакво сме фокусирани и на домашните и на странските компании
Користа од доаѓањето на странските компании во Македонија е повеќестрана. Се намалува невработеноста, се дава бизнис и работа за домашните компании и се носат нови технологии. Сепак како Влада подеднакво сме фокусирани и на странските и на домашните компании.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Аеродром во одговор на новинарско прашање, нагласувајќи дека не ги запоставуваат домашните компании иако изгледа дека Владата е фокусирана на странските компании поради промоциите што ги врши во странство
- Дома немаме потреба да одиме од фабрика во фабрика да вршиме промоција бидејќи домашните компании ги сретнуваме секојдневно по стопанските комори. Гледаат што се Владата прави во медиумите, односно сите нови мерки и тие знаат за тоа, додека во Америка, Холандија, Германија, Англија не можат преку нашите медиуми да се информираат за најновите работи што ги правиме и нормално мора во нивните државни да извршиме презентација, истакна Груевски.
Тој посочи дека кога Владта носи странски компании, фокусирана е на вработување на лица од земјава, но потенцира дека странските компании се носат и за трансфер на технологии, како и за помош на домашните компании.
- Во првите седум месеци од оваа година имаме 24 милиони евра приходи на домашните компании од странките компании во Македонија. Странските компании кои дошле во Македонија купиле стоки и услуги од домашните компании во оваа вредност. Нашата претходна проекција беше дека во цела 2015 година тој приход ќе биде 30 милиони евра, но веќе во првите седум месеци е 24 милиони евра, што значи дека до крајот на годинава веројатно ќе достигне 45, можеби и 50 милиони евра, истакна Груевски.
Ново на Сител
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник