Груевски: Не ми се познати сите аргументи за исклучувањата на членови од ВМРО–ДПМНЕ

Поранешниот претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на излегување од скопскиот Кривичен суд изјави дека не му се познати аргументите за исклучувањата на членови од неговата матична партија. Груевски рече дека посакува едно силно ВМРО–ДПМНЕ кое ќе ја порази оваа власт.
Адвокатите на екс-премиерот треба да се информираат кај кој судија е распределен предметот за извршување санкции, а кој има рок од 8 дена да изготви уаптен акт за извршување на казната затвор од две години, која му беше изречена за предметот „Тенк“.
Тие потврдија дека ја добиле извршната пресуда, па чекаат да биде формиран упатен акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Никола Груевски ќе треба да се јави.
Одбраната најави дека ќе бара одложување на извршувањето на правосилната пресуда.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
