Груевски: Наскоро средства за компаниите од вториот оглас на Фондот за иновации

На вториот оглас на Фондот за иновации и технолошки развој на располагање се 450.000 евра за стартап и спинап компани и се очекува избраните компании во наредните неколку месеци да ги добијат средствата, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на Пробиштип.
- Според планот од минатата година што го утврди Владата, оваа година се планирани три огласи. Едниот веќе заврши и е за 1,35 милиони евра, а за вториот оглас денеска истекува рокот по што ќе следува евалуација, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој прецизира дека согласно закон се предвиде меѓународен борд на експерти да ги проценува проектите и врз основа на таа проценка да даде препораки на институцијата и на Владата во кои проекти вреди да се инвестира.
- Веројатно ќе им бидат потребни околу месец, два до три и очекувам некаде во октомври за оваа втора фаза во која се на располагање 450 илјади евра да бидат донесени одлуките и во наредните неколку месеци тие средства да им бидат доделени на компаниите што ќе добијат на огласот, рече Груевски.
Тој додаде дека е можно да има и трета фаза, но посочи оти ќе зависи од тоа дали ќе биде попречена од изборите. Третата фаза, како што рече, располага со најмногу средства - 2,2 милиони евра и доколку постои можност третиот оглас ќе се објави до крајот на годината.
- Задоволство ми е што успеавме овој проект да го истуркаме од самиот почеток од една идеја кога неколку луѓе разговаравме во Владата и одлучивме дека Македонија треба да добие Фонд за поддршка на иновациите. Стартувавме со комитет за иновации, потоа тој комитет подготви закон, се создаде Фондот, се опреми логистички и сега е во фаза кога може да доделува средства за инвестиции, посочи Груевски.
Од првата фаза во која се доделија средства, нагласи, досега 33 проекти добија средства од кои 16 се веќе во завршна фаза на моделирање на лансирање на нивниот производ.
- Има многу интересни производи кои ќе бидат претставени наскоро и кои веорјатно ќе и бидат интересни на јавноста и ќе бидат комерцијализирани. Се надевам дека некои од нив ќе ги надминат границите на Македонија и ќе бидат производи кои ќе се продаваат во целиот свет, а ќе отворат и нови работни места. Ако само еден производ успее да се наметне како интерес во целиот свет може да донесе огромен број вработувања ако доведе до помасовно производство во Македонија, оцени Груевски.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
