Груевски на терен во поплавените подрачја: Сите пумпи уште денеска ќе се стават во функција
Сите нови пумпи за испумпување на водата уште денеска ќе бидат ставени во фуунција, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната средба со жителите на Сингелиќ заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Владата набави нови 1.180 пумпи, од кои дел веќе се на терен. Останатите како што ќе пристигнуваат така ќе се ставаат во функција.
Градоначалникот Трајковски изјави дека 17 екипи за проценка на недвижниот имот веќе се на терен, 4 екипи за проценка на штета на возила и десеттина екипи за процен за угинување на добиток и птети на земјоделски површини.
Најзагрозени подрачја се Стајковци, Ченто, Сингелиќ, Страчинци, Булачани, Виниче, Црешево, Камник, Раштански Пат и други. Освен ДЗС, на терен се и министерствата за одбрана и за внатрешни работи, како и останати субјекти кои можат да ни дадат одредена помош. Надлежните максимално се грижат прво да ја санираат инфраструктурата бидејќи има срушено многу патишта.
Министерот Мисајловски и вицепремиерот Пешевски изјавија дека главната трафостаница е оспособена и постепено се вклучува струјата во делови од Ченто, Смилковци и Страчинци. Дополнително, 20 екипи од ЕВН веќе се на терен и онаму каде што е можно електичната енергија се вклучува.
100 пумпи веќе се ставени во функција за испумпување на водата во Сингелиќ, а до вечер ќе бидат донесени уште. Храна и вода се делат од куќа во куќа.
Надлежните постојано ќе бидат на терен се додека не се врати состојбата во нормала, по улиците и во куќите. Ангажирани тимови кои се потребни за работа со механизација и со пумпите кои се поставени во најважните точки. Во моментов има околу 250 возила и механизација на Дирекцијата и од одредени градежни фирми.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите