Груевски: Изградени 63 мали хидроелектрани, се градат уште 17
Вкупно 63 мали хидроцентрали се изградени и пуштени во употреба, вработуваат околу 100 лица и имаат значително учество во електроенергетскиот систем на РМ.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешниот увид на градежните работи во новата зграда на АД за изградба и стопансивање со станбен и деловен простор од значење за РМ во Скопје.
Оцени дека тоа е еден од успешните проекти на владата досега и додаде дека уште 17 нови мали хидроелектрани се во тек на градба.
- Во делот на малите хидроелектрани можам да кажам дека досега се изградија 63 мали хидроелектрни со можност од 60 мегавати коишто веќе се пуштени во употреба и партиципираат во производството на електрична енергија во Македонија. Други 17 се во тек на градба или се издадени дозволи и треба да почне изградба или во тек е издавање на дозвола, градежна лиценца итн. Така што вкупно 63 плус 17 тоа се 80 хидроелектриани, изјави Груевски.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора