Груевски: Инвестирани 43 милиони евра за водоводни и канализациски системи
Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во водоводни и канализациски системи досега се инвестирани вкупно 43 милиони евра, а годинава или е започната или ќе започне градба на нови водоводи и канализациски мрежи во вредност од вкупно 17 милиони евра, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на новиот дом на култура во Кисела Вода „Кисела Вода-Кино“ (КВК).
- Тоа се разбира не е доволно и во наредните години ќе се продолжи со уште поголеми инвестиции за да се решат инфраструктурните проблеми во другите места. ВМРО-ДПМНЕ е посветена на решавање на проблемот на народот и така ќе остане и во иднина. Така е и со случајот со водоводот во Патишка река кое е наше ветување дадено пред граѓаните и кое веќе се реализира, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој прецизира дека при почетокот на изградбата на водоводот во Патишка река се појавиле одредени проблеми кои се надминати, водоводот веќе се гради.
- Станува збор за инвестиција од 2,5 милиони евра со која ќе биде решено водоснабдувањето на над 10 населени места во општината Сопиште, населена со различни етнички заедници, прилично раштркани населени места, истакна Груевски.
Со тоа, како што рече, ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите од овие населени места кои во минатото беше ветуван, но не реализиран од другите политички структури.
- Ние го дадовме ова ветување, ги надминавме пречките и проблемите со кои објективно се соочивме и малку не закочија и водоводот веќе се гради, рече Груевски.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти