Груевски и Захариев на средби со граѓани во Три Чешми и Баби

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски попладнево имаа средби со граѓаните од штипските населби Три Чешми и Баби. Захариев во своето обраќање пред жителите на приградската населба Три Чешми истакна дека во изминатите четири години реализирани се 20 проекти од страна на локалната власт.
- Ни остана уште малку да напривиме училишна спортска сала и ќе ја направиме, ќе го асфалтираме патот до вашите гробишта. Во новата индустриска зона ќе имаме нови 10 фабрики. ТИР зоната е овде спроти вас, која нуди нови работни места. Нашата визија е луѓето да бидат насмеани и среќни, да отвараме нови работни места. Вие да бидете тие и да останете во вашата населба, рече Захариев.
Тој на средбата со граѓаните во населбата Баби забележа дека се завршени над 30 проекти, асфалтирани се улиците, изградена е нова спортска сала, паркови, а прво што ќе направи во наредните четири години ќе биде асфалтирање на улицата „Крушевска Република“ и останатите улици.
Груевски пред граѓаните на населбите Три Чешми и Баби забележа дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш и во добро и во лошо ќе биде заштитник на интересите на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.
- Видовме дека СДСМ немаат ниту некои проекти, ниту некоја сериозна програма и затоа ни зборуваат за воздух, за магла, за ветер. Видоа дека не можат да не победат со работа па удрија на криминални избори, рече Груевски.
Тој при тоа ги повтори обвиненијата за поткуп, уцени, и оти дел од полицијата, се оденсувала како партиска полиција.
Груевски и Захариев на средбите со граѓаните во двете штипски населби забележаа дека програмата за Локалните избори ги содржи сите проекти, кои се на барање и се идеи на самите граѓани.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
