-->
-->
Груевски: Хан информираше дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април
-->
Комесарот Хан јасно ни кажа дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016. Претседателот на ДИК го известил комесарот Хан, рече премиерот Никола Груевски вечерва.
-Исто така, комесарот Хан не’ информираше дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан ни Кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време се’ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата, рече Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште