Груевски: Граѓаните се столбот на Македонија и ќе гласаат за суверена и просперитетна држава и иднина
Во својот говор на митингот во Аеродром, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски им се обрати на граѓаните да изберат мудро, убаво да размислат кој може да направи за нив повеќе, за државата и за иднината.
-Дозволете да им се обратам на вработените, вие кои многу добро знаете да процените кој може да направи повеќе за вас и вашето семејство, кој може да ги реши проблемите со кој се соочувате. Ќе слушате постојано ветувања дека приходите ќе ви пораснеле на 1000 евра по семејство, ќе слушате и дека ќе имате дупла плата, но најдобро знаете дека нема ништо од тоа, тоа е проверено дека нема да се оствари. И замислите тоа го кажува човек кој во исто време кога ветува дупли плати вработените во неговите фирми ги држи на минималец. Исто така ќе слушате и разно разни навреди дека сте биле само гласачка машинерија на власта, дека во строј сте оделе да гласате, само затоа што не се согласувате со Заев, тие навреди се само израз на слабост и ништо повеќе. Немојте да ве повредуваат, исфрустрирани се, слаби се, мене ме навредуваат, вас ве навредуваат….затоа губат. Губат 9 пати на избори и ќе изгубат и овој 10-ти пат. Вие знаете најдобро кој може да ви помогне и да направи повеќе за вас, рече Груевски.
Тој им се обрати и на невработените.
-Во периодот ќе се изнаслушате за тоа дека ќе вработувале, тие ветувања доаѓаат од оние кои исполажаа дека ќе вработат по еден од секое семејство но и од оние кои не донесоа ниту една инвестиција. Истата таа екипа зборуваше дека ќе работат по еден од семејство, видевме како вработија. Испобркаа по еден од секое семејство. И од оние кои не донесоа ни една инвестиција, Заев 11 ипол години не донесе ниту еден инвеститор ниту едно работно место нема отворено, како нас, кои носиме инвестиции кои отвораат по 1000 работни места. Ние го однесовме Џоносн Контролс кој во Струмица, не за да му покажеме на Заев, туку за граѓаните, за нив ќе се отворат 1500 нови работни места, рече Груевски.
Ние, додаде тој, за разлика од нив покажавме дека можеме да се справуваме со невработеноста. Тоа го знаат над 160 илјади кои се вработија и ќе продолжиме понатаму со отворање ена најмалку 70 000 работни места. Ние не кажуваме само што ќе направиме туку и како ќе го направиме тоа.
-Во програмата за секој проект има објаснување. дел по дел на митинзи ги објаснуваме,…еден по ден. Прашањето кое секој треба да си го постави пред својот избор овие денови пред нас е: Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој има историја на подобро сработено, јас како претседател на Владата или Заев. Кој повеќе држи до дадениот збор, а кој ги заборава ветувањата како да не биле….кој подобро ќе се справи со економските предизвици. Видовте вие со какви предизвици се справивме, со светска, европска економска криза и со домашна политичка криза. Со кого ќе се чувствувате посигурно и побезбедно, кој има подобар кадар и програма, размислете пред да гласате…. кој ќе отвори голем број нови работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете назад… кој ќе ги штити државните интереси подобро. И конечно на кого можете повеќе да му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени и со кого нема да се срамите кога ќе погледнете назад и кој ќе ги штити националните и државните интереси. Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави, и покрај сите заблуди и манипулации кои ги прават. Ова е избор за тебе и за Македонија, порача Груевски.
Вие сте столбот на нашата држава, додаде тој и продолжи: столб кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период. Сетете се само низ што се поминав. Време е за одговорот! За заедничкиот одговор!
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата