Груевски: Државните институции се целосно фокусирани на реформските приоритети

Институциите се во длабока фаза на подготовка на законски измени, одлуки, мерки и чекори кои треба да се направат во правец на исполнување на итните реформски приоритети кои се значајни за напредокот на Република Македонија и нејзиното приближување кон Европската унија.
- Од она што сум информиран, државните институции се целосно фокусирани на подготовките на првите предлози или предлозите кои како пакет треба да дојдат од нив во наредните денови и недели во делот на исполнување на итните реформски приоритети, согласно со барањето на извештајот на ЕУ, популарно наречен извештјаот на Прибе, изјави попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со Акцискиот план за реализација на приоритетите и засилениот институционален ангажман за нивно спроведување кој завчера го најави премиерот Емил Димитриев.
Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на контактна канцеларија на Фондот за иновации и технолошки развој, изјави дека е информиран оти во повеќе области, тргнувајќи од судството, медиумите, администрацијата, безбедноста и во повеќе други области, институциите со полна фокусираност и со сите капацитети работат да ги подготват првите чекори и тоа што е потребно за да се почне со процесот на исполнување на барањата.
- Тие, генерално, ќе бидат добри и за Република Македонија, заради зајакнување на државата и зајакнување на институциите. Потоа, откако ќе бидат готови, ќе бидат споделени со многу меѓународни и домашни експерти, меѓународни организации и сите оние кои можат и треба да бидат инволвирани во разгледувањето и дооформувањето на овие проекти, вклучувајќи ја и опозицијата. Ќе имаме еден процес на инклузивност на опозицијата, доколку таа тоа го сака, да може да биде вклучена во дијалог и дебати за сите овие работи, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
